Народно движење за Македонија (НДМ) го повикува премиерот Зоран Заев да ја преиначи одлуката на владата со која за 2 Август, во Крушево, на најголемиот македонски национален празник говор ќе одржи Талат Џафери.
За НДМ, самото појавуавање и говор на Талат Џафери во Крушево е опасна провокација која може да доведе до немили настани.
Исто така, оддавањето признание од Талат Џафери и неговото поклонување на славните Илинднеци, на храбрите Македонци кои цел свет ги знае по нивата натчовечка херојства за слободата на својата држава Македонија, е тешка навреда кон Македонија и Македонците, сметаат од НДМ.
„Ова од причина што Талат Џафери во 2001 удри токму врз идеалите на илинденските херои со неговото учество во рушењето на уставниот поредок на Македонија, а дотолку повеќе, според оперативен документ на УБК при МВР е вмешан во заседата кај Вејце каде ѕверски беа убиени осуммина македонски бранители во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја.
Затоа, ја повикуваме владата како изготвувач на протоколот за 2 Август, да размислува не само за моментот оти се доведуваат во ситуација да се срамат од нив и нивните поколенија и веднаш да го тргне од протколот лицето Талат Џафери кое работело на рушењето на Македонија и Македонците“, се истакнува во соопштението.