Наталија има бицепс со обем 48 цм, колк од 74 цм, струк од 70цм, 127цм обем на градите, а со своите 170цм висина тежи околу 100 килограми.
Руската бодибилдерка Наталија Кузњецова неодамна го најави своето големо враќање во овој спорт.
Кузњецова (26), позната како Наталија Амазонка, е руска, европска и светска шампионка во неколку дисциплини.
Како што вели, паузирала поради тешката финансиска ситуација во овој спорт, а одлучила да се врати бидејќи “не може без натпреварување”.
Нејзиниот личен рекорд во бенч е 175 килограми, 240 килограми во мртво кревање и 280 килограми со чучњеви.
Наталија има бицепс со обем 48 цм, колк од 74 цм, струк од 70цм, 127цм обем на градите, а со своите 170цм висина тежи околу 100 килограми.
Инаку, оваа Русинка има многу популарен Инстаграм профил, и секоја недела има околу 4 милиони прегледи.
А/Г/