Бизарното исчезнување на децата се случило во САД во далечната 1945 година, во Западна Вирџинија. За време на божиќната вечера во семејниот дом на семејството Содер избил пожар кој ја изгорел куќата до темел.
Петте деца, на старост од 5 до 14 години исчезнале, а проценето е дека изгореле во пожарот. Меѓутоа, нивните тела не се пронајдени. Полицијата проценила дека пожарот настанал случајно , поради погрешно споени жици на божиќното декоративно осветлување.
Во 1968 година, родителите добиле чудно писмо и фотографија кои наводно им ги испратил нивниот син Луис. Писмото пристигнало од Кентаки, па родителите одлучиле да платат приватен детектив да го испита случајот. Тој исчезнал и никогаш повеќе не ги контактирал.
Тоа е се што се знае за овој случај.
The mysterious disappearance of the Sodder children, West Virginia, 1945. pic.twitter.com/Pz3dZ8YSjl
— The Unexplained (@Unexplained) February 18, 2016
Ф.Г.