Кога на Википедија ќе го пишете името Јосип Броз ќе ви излезат информации дека тоа е југословенски, комунистички револуционер и државник, кој имал различни функции од 1943 до 1980 година.
Исто така, можете да прочитате дека за време на Втората светска војна вил лидер на југословенските партизани, а за време на својата политичка кариера бил популарна личност како во земјата така и во странство.
Но кој бил всушност Тито?! Некои велат дека машинобраварот кој сите го познаваме е всушност советски шпион инсталиран во Југославија.
Тито не бил масон !
Вечната дилема. Прашање кое долго време ја разгорува јавноста.
А што велат масоните за тоа ?!
Големата ложа на Британска Колумбија и Јункон од Канада тврдат дека Тито не бил масон.
“Теоријата на заговор дека Тито во 1926 година станал член на масонската ложа “Либертас” во Неапол, Италија е лага. Реалноста е различна. Тито работел како агитатор на Комунистичката партија во Краљевац на јадранскиот брег од 21 септември 1925 до 2 октомври 1926 година. Нема никакви докази дека тој патувал во Неапол во тоа време. На почетокот од Втора светска војна имало 27 ложи со 2.500 членови во Југославија”, вели Драгош Калаиќ кој се занимавал со односот на Тито со масонеријата.