Ако сакате да живеете што подолго, се што треба да направите е -да се преселите во Италија.
Оваа медитеранска земја која е опкружена со пет мориња е означена како најздрава земја на светот според Глобалниот здравствен индекс на Блумберг од 163 земји. Така бебиња родени во Италија може да очекуваат дека ќе живеат до осумдесетите.
Иако Италија е меѓу најразвиените земји во светот, нејзиниот раст стагнира веќе со децении, речиси 40% од младите се невработени, а земјата има големи долгови.
И покрај се, Италијанците се значајно подобра форма отколку Американците, Канаѓаните или Британците, кои во голем број страдаат од висок крвен притисок и холестерол, како и од психички проблеми.
Италијанската кујна има голема заслуга за доброто здравје на нацијата. Тука е и медитеранската исхрана, богата со зеленчук и маслиново масло, кое Италијанците го обожуваат.
На второ место на листата најздрави земји се најде Исланд, а на трето место Швајцарија, додека на четврто и петто место се наоѓаат Сингапур и Австралија. Во меѓувреме, 4500км јужно, во Сиера Леон, просечно сега роденото дете ќе умре на 52 години старост, пишува Индепендент, што ја прави земјата најлоша за живот според оваа листа.
Секоја држава е оценета врз основа на очекувано траење на живот, причини за смрт и здравствени ризици, како и висок притисок, пушење, неухранетост и пристап до питка вода.