Откако го изгласавме ребалансот на буџетот јас предвидов дека реално со тие параметри кои што тие ги прогнозираат и како одат работиве до денес, до крајот на годината наместо да креираат нов буџет за 2018 тие ќе мораат да прават нов ребаланс на буџет бидејќи токму овие економски параметри ќе не можат да ги задржат, ова денеска на отворената дебата со Комисијата за финансии и монетарни прашања на ВМРО-ДПМНЕ го изјави Крсто Мукоски.
-Во моментов се случува растур на бруто домашниот производ и ако се сеќавате во предизборната кампања ветуваа дека БДП ќе биде 5, 6 проценти, меѓутоа сега со ребалансот на буџетот министерот вели дека растот на бруто домашниот производ сите ќе бидат задоволни ако до крајот на годината заврши со 2, или 2,5 проценти. Со ова тие ги признаа поразителните политики кои што ги водат во делот на економијата, инаку растот претходната влада го предвиде дека ќе биде 3 проценти, истакна Мукоски.
Тој потенцираше дека на овој начин СДСМ мора да ја зголеми инфлацијата инаку ќе манипулираат со буџетскиот дефицит и тој е убеден дека до крајот на годината тој буџетски дефицит треба да биде од 3,2 до 3,5 проценти.
-Минатата власт цело време беше критикувана дека расипнички се однесувала и дека повеќе троши отколку полни државната каса, а сега се поставува прашањето зошто го задржаа истиот буџетски дефицит? Ако паралелно на тоа викаат дека крателе непродуктивни трошоци и инвестиции?, прашува Мукоски.
Извор: kurir.mk