Момче бегалец од Сирија било ставено во притвор за силување на 12-годишно девојче од Шведска. Во изјавата за полицијата, момчето рекло дека не знаело дека е илегално да се има сексуален однос со дете. Тинејџерот бил исто така поврзан со други сериозни криминали, но нема да биде депортиран.
Истрагата започнала кога шведскиот новинар Јоаким Ламоте открил дека полицијата го игнорирала случајот – јавува “Voice of Europe”.
Откако новинарот открил за случајот, се развила национална дебата во која биле вклучени и полицискиот командир како и премиерот на државата. После цела година истрага на случајот истиот е завршен.
Судот го нашол виновен Сириецот за две силувања на дете, и му одредил мерка притвор во траење од 6 месеци. Исто така на момчето кое имало 17 години му било одредено да и исплати на 12-годишната Швеѓанка 13.300 евра како оштета.
За време на судењето, момчето се правдало дека не знаело дека е забрането да се има интимен однос со лице кое е помладо од 15 години. Сепак, судијата пресудил дека тоа не е изговор, па со тоа и одбраната на момчето не била земена во обзир при пресудата.