Португалецот Салвадор Собрал е победник на 62-то издание на Евровизија.
Дваесет и седум годишниот Собрал, кој ја претставуваше Португалија на евровизискиот избор во Киев, Украина во моментов е на листата на пациенти кои чекаат трансплантација на срце.
За време на својот настап младиот Салвадор, кој важеше за еден од фаворитите, предизвика огромни овации кај публиката. Песната со која тој ја претстави својата земја е напишана од неговата сестра. Својот билет во финалето тој го обезбеди по првата полуфинална вечер.
Салвадор го „сруши“ проклетството на Португалија, по цели 53 години колку што земјата учествува досега немала ниту една победа, а не влегла ниту во првите пет земји. Првото претставување на Португалија било во 1964 година кога се пласирале на последното место. Португалија во финалето на ова музичко натпреварување се нашла 45 пати.