Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека по излегувањето на В.Британија од Унијата во иднина нема да останат само 27 земји членки, туку дека ЕУ ќе се “поднови” со нови земји членки.
– Мислам на државите од Балканот со кои преговараме за влез во ЕУ. Многу луѓе на тој процес гледаат како процес на “проширување”, јас повеќе сакам да зборувам за повторно обединување на Европа – изјави Могерини, одговарајќи на прашањето дали “Брегзит” ќе ја ослабне Унијата.
Ф.Г.