На 11 јули 2017 г. во Киното „Мис Стон“- Прилеп се одржа завршниот настан на проектот CREATIVE YOUTH ENGAGEMENT, имплементиран од Димитар Вглевски како стипендист на LEAD MK годишната стипендирана програма за млади која е имплементирана од Национален младински совет на Македонија(НМСМ), а поддржана од проектот на УСАИД за Граѓанско Учевство.
Учесниците кои учевствуваа во проектот, го претставија тоа што го работеа преку 4-те работни групи:
1) Вклучување преку Театар
2) Вклучување преку 7-та Уметност- Филмот
3) Вклучување преку Ликовната Уметност
4) Слободни Младински Активности
Младите кои беа дел од првата работна група подготвуваа кратка изведба за завршниот настан, а нивното излагање се состоеше од 3 кратки театарски изведби.
Младите кои учествуваа во работните групи „Вклучување преку Ликовната Уметност“ и „Слободни Младински Активности“ имаа заедничка презентација, на кратко тие работеа како една група сплотени со исти интерактивни активности во кои беше вклучена и јавноста. Тие подготвија табли на кои младите го изработуваа натписот „на младите им треба“, а потоа со нив низ центарот на градот луѓето пишуваа свое мислење во однос на тоа што тие мислат дека на младите им треба.
Луѓето беа расположени да напишат свое мислење на таблите. Потоа учесниците ги изработуваа натписите кои според нив беа нај соодветни и ги преработија во креативни цртежи кои подоцна ги изработија на табли со кои во центарот на градот им се приоѓаше на граѓаните за да се сликаат со која табла тие што сакаат, како знак за поддршка на младите.
Како првиот пат на терен така и овој пат имаше позитивен резултат од страна на граѓаните во Прилеп, млади луѓе и родители со нивните деца се сликаа со таблите во знак на поддршка на малдите.
Презентацијата беше проследена со проекцијата на 2 кратки видеа изработени од младите кои беа дел од работната група„ Вклучување преку 7-та Уметност- Филмот“, потоа следеше горенаведената театарска изведба и заврши со друштвен настан.
И покрај високите временски температури, голем број на граѓани присуствуваа на настанот и ги поддржаа младите кои работеа со голем ентузијазам во проектот.