Млади со срце како планина! Волонтери од Македонија приготвуваат стотина оброци за оние на кои им е најпотребно (ВИДЕО)

“Крик” е младинска емисија која од неодамна започна да се емитува на “Телевизија 24”.

Eмисијата обработува актуелни теми кои ја тангираат младата популација и става акцент на секојдневните проблеми со кои младите се соочуваат.

“Емисија за млади која ја прават млади луѓе за млади луѓе што сакаат работи за млади”, стои во описот на емисијта, а веќе вчера излезе и третата епизода.

Задолжени за реализација на оваа младинска емисија се: Деница Чадиковска, Давид Илиески, Бруно Велјановски, Константин Битраков и Трифун Ситниковски.

Во најновата епизода насловена како „Мајка да јаде, на ќерка да не даде“, ќе погледнете како се третира вишокот на храна во нашата држава.

Според податоците кои ќе ги слушнете во емисијата, Македонија е на високото осмо место во светот по фрлена неискористена храна, или во бројки, тоа значи дека се фрлаат од 6 до 10 000 тони храна на годишно ниво.

Дечките од емисијата ќе посетат и една граѓанска иницијатива во која членуваат исто така млади луѓе. Тие ја собираат неискористената храна од рестораните, месарниците, маркетите …. и приготвуваат вкусни и здрави оброци за оние на кои им е најпотребно.

Погледнете ја целата емисија и дознајте за што се станува збор:

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.