Младите поети Ерика Јованоска и Борис Ночески oд Прилеп ќе ја претстават Македонија на фестивал во Мостар

Ерика Јованоска и Борис Ночески, ученици од IX одделение од ООУ„Кире Гаврилоски –Јане“ од Прилеп се единствените млади поети, што ќе ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал „Деца поети“ што ќе се одржи на 01,02 и 03 фебруари во Мостар.

Личните творби на Ерика и Борис се избрани од стручната комисија во конкуренција од 1470 песни од речиси исто толку млади поети освен од Македонија, од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Грција и Босна и Херцеговина.

Ерика и Борис ќе ги бранат боите на Македонија на фестивалот во Мостар со својата менторка, професорката по македонски јазик, Сузана Николоска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.