Денес во просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп се одржа прес-конференција на која се обрати претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Виктор Здравески.
Почитувани,
времето полека одминува, а лагите никако да станат реалност! Нема ништо од новите 64.000 работни места за младите во Македонија!
Наместо тоа, ги вдомивте претставниците на невладините организации и шарената револуција кои до сега одработија за дебели хонорари! Невладините станаа владини организации! Министерствата се наполнија со типови како Сарачини, Грчев, Ѓунер Исмаил, разни твитерџии кои две и пол години ја црнеа државата. Битно и Боки 13 е задомен. Сега државните пари ќе ги троши на промоција на нечовечките вредности на ЛГБТ заедницата!
Младите очекуваа нови спортски сали, нови стипендии, нови студентски домови, нови бесплатни автобуски и железнички линии. Мислевме ќе се оствари ветувањето дека секој матурант по матурирањето ќе биде вработен, како што вети Зоран Заев. Тоа е одлична работа за сите средношколци што немаат амбиции да го продолжат школувањето. Но, ништо од тоа… Секојдневни разочарувања во сите сфери од живеењето. Да биде трагедијата поголема, сега и на родителите не им се исплаќаат субвенциите, немаат добиено просечна плата од 500 евра, нивните баби и дедовци не добиваат поголеми пензии! Тоа е причината што овие наводни реформатори не сакаат Парламентарни избори!
Младите знаат, младите препознаваат дека само ветувањата и проектите од ВМРО-ДПМНЕ се реални!
Секојдневно ќе ве потсетувавме на вашите, но и на нашите ветувања од програмата Реално. Секој одминат ден е нов ден на лага, манипулација, шпекулација и дебата!