Младинската програма „За сите деца“ се одвиваше во периодот од Март до Мај 2017 година, а нејзини фасцилитатори беа Ивана Сурлаџиоска и Александра Стојаноска од Извидничкиот одред „Феникс“. Вклучувајќи ги децата со посебни потреби од Детскиот дневен центар „Ѕуница“ и извидниците од Извидничкиот одред „Феникс“, оваа програма имаше за цел преку креативни работилници и користење на извидничкиот метод да постигне социјална инклузија на децата со попречен развој и децата со типичен развој, како и рушење на стереотипите и предрасудите за децата со посебни потреби.
Програмата беше составена од 12 работилници кои се одвиваа еднаш неделно во период од три месеци и вклучуваа најразлични активности како изработка на честитки, излети во природа, посета на музеи и слично. Се организираше и финален настан односно трибина која се оддржа на 15 Мај 2017 година по повод 15 годишнината од постоењето на Детскиот дневен центар „Ѕуница“. Трибината беше на тема „Социјална инклузија на деца со посебни потреби“ каде обраќање имаа директорката на детскиот дневен центар „Ѕуница“, фасцилитаторите на програмата и еден претставник од ЦМА КРИК, а на неа присуствуваа и стручни лица кои работат во таа област како и родители на деца со посебни потреби. Младинската програма „За сите деца“ е дел од проектот „See you watching me“ на Сојузот на извидници на Македонија и центарот за младински активизам КРИК а е поддржан од Детскиот фонд на обединетите нации (УНИЦЕФ) и Европската Унија.