“Ми се закануваше дека ќе ми ја разбие главата ако кажам”: Сталоне обвинет дека заедно со телохранителот силувал малолетничка

Весникот “Дејли Мејл” објави полициски извештај од 1986 година во кој се тврди дека Силвестер Сталоне и неговиот телохранител Мајкл Де Лука силувале 16-годишна девојка

Сето тоа се случило во Лас Вегас годека Сталоне кој тогаш имал 40 години, го снимал филмот “Оver The Top”. Неименувана девојка тврди дека во јули 1986 година, со семејството, била сместена во хотелот во кој се снимал филмот, го сретнала Сталоне и побарала автограм.

“Ми рече дека сум одлично градена, и ме бакна во образ”, изјавила тинејџерката, која наредниот ден се појавила на сетото и таму се сртнала со Де Лука, кој ја прашал: “Што би направила доколку Сталоне би се обидел да ти се удворува”, а таа му одговорила дека веројатно би го прифатила тоа.

После тоа, Де Лука и ги дал клучевите од собата на 27 кат, па и рекол што побрзо да појде во апартманот на Сталоне.

Девојката го направила тоа, а пред собата ја пречекале Сталоне и Де Лука и со неа влегле внатре.

Де Лука останал во купатилото, а Сталоне во спалната соба имал секс со девојката.

Потоа актерот ја прашал девојката дали имала секс со двајца мажи истовремено.

Тинејџерката одговорила негативно, а Сталоне отишол до купатилото и се вратил со Де Лука.  Потоа следувал грозниот чин, а на крајот двајцата и се заканиле дека доколку нешто каже, ќе и ја разбијат главата.

Според полицискиот извештај, иако била потресена и вознемирена, девојката не сакала да поднесе пријава против актерот и неговиот телохранител.

Пензионираниот детектив Џон Самоловиќ, чија единица во 1986 година била задолжена за овој случај, тврди дека извештајот кој го поседува “Дејли Мејл” е оригинален и вистинит.

Од друга страна менаџерката на Сталоне вели дека извештајот е целосна измислица и дека полицијата никогаш не го контактирала актерот за никакво силовање.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.