Хаосот во Каталонија очигледно не престанува и по изгласувањето на референдум од страна на над 90 проценти од жителите кои гласале за независност.
На Твитер се појави аудио снимка на која се слуша девојка која на некого со име Лаура му ги опишува ужасите кои наводно ги доживеала од страна на шпанските полицајци и тоа, како што вели, само затоа што се обидувала да им помогне на постарите луѓе кои биле нападнати.
-Лаура, Лаура, слушај ме сега и кажи го ова на сите. Со кренати раце ги бранев старите и немоќните. Не правев ништо друго, ги бранев постарите. Бидејќи тие удираат деца, удираат стари луѓе… А потоа ме зграбија, ме фрлија по скалите и ме шутираа… Ми ги кршеа прстите на рацете, намерно…еден по еден…
"They broke my fingers on purpose, one by one".
This is what the Spanish police is doing in #Catalonia. #CatalanReferendum #1Oct #1O pic.twitter.com/q0Y83pXcQL— Albert Lloreta Ribalta (@AlbertLloreta) October 1, 2017