Мицкоски: “Не знаат ниту прослава да организираат, а не пак нешто да изградат, но за задолжување се беспрекорни”

“Сега е јасно зошто го одолговлекуваа пуштањето во употреба на автопатот. Не знаат ниту прослава да организираат, а не пак нешто да изградат, но кога треба да се задолжи, тука се беспрекорни. Денес ново задолжување на Владата од 20 милиони евра”- напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук, објавувајќи за најновото задолжување од 20 милиони евра кое го направи Владата денеска.

Имено, според она што денеска е објавено на веб страната од Министерството за финансии, на денешната аукција на државни хартии од вредност министерството запиша 3,6 милијарди денари (58,5 милиони евра), од кои утре ќе врати 2,4 милијарди денари (38,5 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

Со ова, нето задолжувањето од оваа аукција изнесува 1,2 милијарди денари (20 милиони евра).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.