“Некој свесно не втурнува oдново во непосакувано сценарио во кое влогот е Република Македонија”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски после шверцерското носење на Законот за употреба на јазиците, без да бидат разледани амадманите поднесени од партијата.
Mицкоски истакна дека партијата ќе поднесе и кривична пријава против Талат Џафери како и тоа дека ќе биде поднесена инцијатива за испитување на уставноста на овој закон пред Уставниот суд.