Ксиао Јун исчезнала во 2005 година и во нејзиното семејство мислеле дека е мртва. Ксиао, всушност, живеела во разни интернет клубови во близина на градот кој го напуштила – Хенгдиан во источна Кина. По кавгата со нејзината мајка, девојката го напуштила домот на 14 години.
Кога ја пронашле во Хангзу, што на околу 160 километри оддалечен од домот на нејзиното семејство, сега веќе 24-годишната девојка, силно ја прегрнала својата мајка. Сите нејзини роднини и пријатели мислеле дека е мртва, пишува “thevintagenews.com”.
Нејзината локација ја открил еден полицаец на крајот од ноември, кога ја фатил како користи лажна лична карта во едно интернет-кафе во Нангзу.
За време на испитувањето таа признала дека го напуштила домот и дека долго време живее во различни интернет клубови.
Ф.Г.