“Мистериозна табла кај касарните во Прилеп?! Ќе се градат кампови за бегалци?!” (ФОТО)

Мистериозна табла со европско знаме на која пишува “Disaster Recovery Center” или во превод изградба на Центар за опоравување од кризи, се појавила во областа близу вештачкото езеро во Прилеп. Денеска социјалните мрежи вријат, а прилепчани ја споделуваат оваа табла на која пишува дека проектот е поддржан од Европската Унија и е во вредност од 3,4 милиони евра.

На социјалните мрежи се шири и информација дека се забележуваат возила и градежна механизација со албански регистарски таблици, од албанска компанија која наводно ќе го гради проектот.

Дали тоа што беше само во главите на некои прилепчани по се изгледа станува реалност?

Новиот живот и Градоначалникот не сакаа референдум за прашањето за бегалците во Прилеп!?

Кога на седница на Советот на општина Прилеп пред Јованоски да стане градоначалник, се дискутираше околу тогашната Нацрт стратегија за интерграција на бегалци и странци од Министерството за труд и социјална политика, како и во моментот кога советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи ствање на ова прашање на референдум, Јованоски кој беше координатор на советниците од СДСМ, ја напушти седницата.

Таблата е поставена над прилепските касарни, на локација која во предизборието беше посочена како избрана за изградба на кампови и згради за бегалци. Но, некои не поверуваа во тоа.

Прилепчани тогаш се мобилизираа и собраа потписи за одржување на референдум, а Советот на општина Прилеп побара референдумот да се одржи на денот на локалните избори. Сепак тоа беше одбиено!

За овој настан Меркел би рекла: ”Добредојдовте бегалци”!

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.