Мисајловски до Сугарески: Проблемите со кои се соочувате при градбата на автопатите се решливи, потребна е работа (ВИДЕО)

Треба некој да објасни како е утната трасата? Секој проект, секој автопат при градба имаат проблеми со експроприација. Тоа се работни обврски кои вие треба да ги решавате. Јас кога дојдов како министер затекнав илјадници предмети за експроприација, тоа е работна задача и обврска на ЈП до крајот на градбата да ги реши, изјави вечерва екс-министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ 21 во дебатата со новиот министер Горан Сугарески.

 

misajlovski-1-640x341

-Проблемите кои се јавуваат при градбата се работни активности кои треба да ги решите. Ако за 47 отсто се поторшени 140 милиони евра, а рамката е 374, за да ги постигнете овие работи треба да видите како ќе го продолжите проектот. Паушално е да се каже дека е утнат автопатот. За некои проблеми е потребно дополнително време. Сите проблеми кои ги наведувате може да се решат со работа, рече Мисајловски.

Мисајловски рече дека предизвиците ќе ги надминат со состаноци и работни активности и му порача на Сугарески слободно да направат ревизија и да видат дали има неовластено користење средства.

-Слободно погледнете ги извештаите. Веќе не сте пратеник и да кажувате колку ви е тешко на работа. Имате проблеми кои се дел од експроприација и тие може да се решат. Работа ви е да ги надминете проблемите, тие се решливи. Ако сакате да направите разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, треба да видиме како вие ќе ги решавате проблемите, рече Мисајловски.

На ставот на Сугарески дека за автопатот Кичево- Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, Мисајловски рече дека ревидентот треба да одлучи дали ќе има поскапување, односно надзорот, а не министерот.

– Сите проблеми кои ќе се јавуваат во тек на градба се нормални и ќе се јавуваат. Ако некој вика дека е утната трасата, нека го пушти дронот и ќе видите дали е утната трасата, рече Мисајловски.

 

Сугарески одбегна одговор на прашањето каде ќе се градат ветените 500 километри автопат, а во однос на автопатот Миладинвци- Штип, рече дека сите средства се во склоп на договорот.

– Има дополнителни работи, мост во Долно коњаре, тоа е дополнителна работа, го побараа граѓаните. Дали е направено несовесно користење на средства, дали е направено нешто непотребно? На обиколница немаше клучки. Јас бев на терен и многу пати кажав дека ќе заврши до крајот на годината или на почеток на идната година. Не го потценувајте сето тоа што е направено, рече Мисајловски.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.