Мини саем на книга во детската градинка „Наша Иднина“ во Прилеп

_MG_7507

Во пресрет на големиот македонски празник, на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, денеска во детската градинка „Наша Иднина“, во населбата Бончејца во Прилеп, беше организиран мини саем на книгата. На саемот издавачката куќа „ЕДУКА МАК“ пред вработените и дечињата ги презентираше своите материјали, списанија и книги за деца.

_MG_7484

„Со ваквите настани се развива љубовта на децата кон пишаниот збор, а исто така тие се запознаваат и со тоа како се станува писател и кој е процесот за издавање на една детска книга. Настанот е организиран заедно со издавачката куќа „ЕДУКА МАК“ и се состои од два дела. Во првиот дел имавме интерактивна работилница со учениците од предшколска возраст, каде што тие се запознаа со детските писатели и со илустратори кои работат на детските списанија и книги. А вториот дел беше организиран за вработените во нашата установа на кои им се презентираа нови изданија и се запознаа поподробно со старите изданија“, истакна Христина Трпческа, директор на ЈОУГД „Наша Иднина“ – Прилеп.

_MG_7487

Советникот за образование во Општина Прилеп, Марјан Матракоски, рече дека овие настани биле доказ дека градинките освен згрижувањето на децата тие вршеле и едукативна улога во нивниот развој.

_MG_7513

_MG_7526

„Како локална самоуправа ни претставува големо задоволство што сме тука присутни на овој настан во детската градинка „Наша Иднина“, во населбата Бончејца. Овие настани се доказ дека покрај оној дел кој градинките го имаат за згрижување на дечињата дека се работи и на нивна едукација, како и едукација на воспитувачите кои што се грижат за тие деца. Како локална самоурава се обидуваме да го решиме оној горлив проблем за зголемување на капацитетот на градинките. Отворивме неколку помали градинки во населените места Канатларци, Беровци, Тополчани и Големо Коњари, ја проширивме градинката во населбата „Бончејца“, се отвори градинка во Работничкиот универзитет „Пере Тошев“ во Прилеп и се надеваме дека до почетокот на септемри во ООУ „Рампо Левката“ ќе имаме уште градинка за згрижување на околу 100-тина деца. Таму моментално интензивно се одвиваат градежните работи“, истакна Марјан Матракоски, советник за образование во Општина Прилеп.

_MG_7552

Досега капацитетот на градинките во Општина Прилеп е проширен за над 200 места.

_MG_7557




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.