Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, најави денеска дека малите статуетки и илјадниците сувенири изработени според споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“ ќе бидат отстраните од музејските институции и од сувенирниците. Оваа акција, како што рече, тој ќе биде добро обмислена – пренесува “Фокус”.
Сувенирите беа пуштени во продажба низ сувенирниците во државата во 2012 година.
Меѓу нив има гипсени сувенири мали и големи копии од спомениците, фонтаната со Александар Македонски, од летниковецот, Музејот на ВМРО, мауспадови, магнети со визура на градот, сложувалки и разни други дребулии.
“Конечно во Скопје за првпат се отвори продавница за подароци, во којашто по симболични цени ќе можат да се купат знаменитостите на градот. Цените на сувенирите се движат од 250 до 7.700 денари. Може да се купат и играчки копии, како на пример скопските двокатни автобуси, кои чинат 400 денари. А фонтаната со Александар Македонски чини 490 денари. ” – објавија тогаш медиумите.