Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николоски минатата недела најави дека денеска ќе продолжи исплатата на субвенциите за земјоделците за 2016 година.
Николоски најави дека најпрво до пари ќе дојдат тутунарите, па прилепчани добија надеж дека денеска ќе ги добијат своите тешко заработени средства, но според нив парите сеуште не легнале на нивните сметки.
Министерот најави дека до денеска утрово треба да бидат отстранети сите пречки за исплата на земјоделските субвенции. Од друга страна Владата најави и поддршка за производителите на праски, кои деновиве ги истураат производите по улиците и доловите, а го блокираа и патниот правец Росоман-Прилеп.
Сепак, се случува крах и со праските, доматите и краставиците, а земјоделците се на крај со трпението.
Земјоделците ги поминуваат најтешките мигови во изминатите 12 години, цените на нивното производство се во постојан пад, особено во југоисточниот дел на државата.
Ситуацијата со земјоделството е алармантна, а новата влада се занимава со секојдневни сребди со амбасадори наместо да им помогне на граѓаните на кои им вети живот.
A/Г/