Метеоролозите најавуваат снег во Македонија

Кон крајот на денов и утре во утринските часови ќе има локални врнежи претежно од снег, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови, каде се очекува да се формира нова снежна покривка, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, од петок по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Според најавата од УХРМ, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието, каде и ќе се засилува. Кон крајот на денот кон четврток облачноста ќе се зголемува особено во западните делови на земјава. Максималната температира ќе достигне од 4 до 10 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.