Месечно добиваат 560 евра плата – цела година не работат, а земаат плата поради една причина

Од почетокот на 2017 година две илјади фински граѓани примаат плата од 560 евра месечно.

Финска е првата земја во Европа која, макар и во рамки на друштвен експеримент, на невработените им исплаќа основна месечна заработка од 560 евра поради намалување на бирократијата, сиромаштијата и намалување на невработеноста.

Оли Кангас од агенцијата на финската влада КЕЛА, која е надлежна за социјалните прашања во земјата изјави дека од 1. јануари минатата година започна пробниот период од траење на 2 години во кој учествуваат 2000 случајно одбрани граѓани кои ќе земаат надокнада за невработеност.

Тие ќе добиваат по 560 евра месечно, а нема да мораат да поднесат извештај за тоа како ги потрошиле парите пренесува АП.

Тој износ ќе се одбие од сите други примања кои ги остваруваата, а се на товар на државата.

Во Финска, просечна заработка во приватниот сектор е 3.500 евра месечно, велат официјалните факти.

Инаку стапката на невработеност во Финска, земја со 5.5 милиони граѓани, од минатата година стои на 8.1% што значи дека 213.000 луѓе се без работа.

Парите ќе ги дели финската служба за социјална помош, таму позната како Кела. Треба да се додаде-овој износ никако не значи можност за лагоден живот во Финска, просечната плата таму е околу 3.400 евра, што значи и трошоците за живот се застрашувачки високи.

Но, тоа не е ни смислата на таквиот темелен приход, објаснува Марјука Турунен, која е на чело на управата на Кела: „Мислиме дека ова би можел да биде одличен поттик луѓето да прифатат некои помали и работи на одредено време.“ Досега и невработените многу нерадо прифаќале такви работи, плашејќи се дека ќе бидат турнати на дното на скалата ако се појави „вистинска“ работа, а притоа е присутен и проблемот со данокот. Зашто, ако парите од работа на половина работно време се соберат со помошта која ја примаат, понекогаш се случува в џеб да им остане помалку отколку ако воопшто не работат.

Со новиот концепт тоа е поинаку: на основниот безусловен приход не се плаќа данок, дури и ако луѓето најдат работа и заработат нешто дополнително. „Тоа ќе им даде финансиска сигурност. Можат да бидат сигурни дека парите ќе им стигнат навреме. Што ќе направат со нив, е нивна работа“, објаснува раководителката на социјалната служба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.