Меланија никогаш поубава: Првата дама е појава која плени (ФОТО)

Меланија Трамп е заедно со својот сопруг на патувањето низ Азија, кое ќе потрае 12 дена.

Првата дама и американскиот претседател прво беа на Хаваите за да оддадат почест на загинатите војници и морнари на “Перл Харбор”.

Меланија за патувањето одбрала капут во темно сина боја со потпис на познатата модна куќа Емилио Пучи, додека на нозете носела стилето чевли во иста боја и од брендот на Кристијан Лубутен.

Капутот на првата дама ја открива нејзината убава фигура, додека чевлите како и обично додаваат сексапил.

Меланија се поздравила и со своите фанови, девојчињата кои дошле да ги испратат и се согласила да се фотографира со нив.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.