Навивачката група “Мајмуни” денеска започнаа нова хумана мисија. Од утрово на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во близина на споменикот на Крал Марко поставена е кутија за донации, каде се донираат средства за Славица Вељаноска.
Соочена со немаштијата, оваа наша сограѓанка се соочува со катастрофални услови за живот во нејзиниот дом.
Од навивачката група вчера го посетија домот на Славица, а веќе денеска веднаш поставија кутија за донации.
Кутијата за донации денеска ќе биде поставена до 14:00 часот.
Сите добронамерни граѓани можат да донираат финансиски и материјални средства, како и покуќнина и апарати за домаќинство.
Да се обединеме сите заедно и да ја вратиме надежта за живот во домот на оваа наша сограѓанка.