Марш за Македонија и оваа недела најмасовно: 19 чaсот пред “Липа”

Za-zaednicka-Makedonija-3-den-23-Custom-740x561-1

Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”. Политичките неправди кои изминатите денови им се нанесоа на граѓаните, со погазувањето на Уставот и законите од страна на СДСМ и албанските партии, се доволна причина граѓаните најмасовно да продолжат да излегуваат на улиците и да го искажат својот револт.

Назначувањето на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија на начин кој беше противуставен, противзаконски и со прекршување на Деловникот за работа на Собранието, како и отворената можност да започне реализацијата на така наречената “албанска платформа”, ги вознемирува  и загрижува граѓаните.

“Ова политичко лудило мора да престане”, порачуваа прилепчани изминатата недела, а веќе вечерва повторно во огромен број ќе излезат низ градските улици и ќе го кренат гласот.

Протестот “За заедничка Македонија” во Прилеп започнува во 19 часот пред хотелот “Липа”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.