Моменталните политички случувања на македонската политичка сцена, уценетоста на СДСМ да прави влада преку прифаќањето на така наречената “албанска платформа”, не натераа да го прашаме следното: “Ако утре се одржат нови парламентарни избори, за кого би ја дале вашата поддршка?”
Нашите читатели повеќе од двојно се изјасниле дека довербата повторно ќе му ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ или точно гласале 951 читател, односно 67%.
За СДСМ се изјасниле 399 читатели или 28%, за третиот одговор “Нема да излезам на гласање” се изјасниле 3% или 36 читатели, а само 33 или 2% одговориле дека ќе гласаат за трета партија.