Манчев: Зошто е потребно во Прилеп и во Струмица униформите во полицијата, во војската да бидат двојазични?

Пратеникот Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница денеска истакна дека пратениците од СДСМ, ниту самите уште не веруваат што ќе бидат принудени да изгласаат во однос на Законот за јазиците.

-За законот за употреба на јазиците се предвидува комплетна двојазичност на целата територија на Република Македонија. Двојазичност се предвидува насекаде, во сите државни органи и тела на централнои  на локални ниво, јавни претпријатија и установи, општествени и приватни субјекти почнувајќи од претседателот на Република Македонија до најситната клетка во месната канцеларија. На целата територија во Република Македонија, според член 1, став 1, и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, а според став 2, друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните исто така е службен јазик и неговото писмо, појасни Манчев.

Потенцираше дека во сите органи на државната власт во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

-Зошто е потребно во Прилеп и во Струмица униформите во полицијата, во војската да бидат двојазични? Зошто е потребно натписот на сите јавни установи и во Прилеп и во Струмица да биде двојазично? Знаеме сите дека во Струмица нема ниту една албанска фамилија. Кому ќе му биде тоа од помош? На албанскиот народ? Сигурно не. Зошто е потребно сите овие промени да ги усвоиме на еден ваков избрзан начин?, праша Манчев, додавајќи дека никој не е против некој да го зборува сопствениот јазик.

Тој праша и зошто пред локалните избори мора да се донесе ваков закон, под европско знаменце.

-Која е привилегијата овој закон да го има знаменцето? И што ќе му послужи на албанскиот јазик кога ќе има натпис во Струмица?, праша Манчев.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.