Манекенка скокнала од шести кат бегајќи од бизнисмен кој сакал да ја силува

Екатерина Стетсијук (22), позната руска манекенка, го скршила ‘рбет скокајќи од шестиот спрат од хотел во Дубаи за да му избега на маж кој се обидел да ја силува.

Нејзините пријатели велат дека за среќа преживеала, но дека не е во можност да се движи додека ја чека операцијата, пишува Сан.

Според исказот на Екатерина во полиција, американскиот бизнисмен сакал секс со неа, но таа не сакала, па пробал да ја силува и со себе имал нож.

Манекенката од страв скокнала од шестиот кат, но за чудо преживеала. Американскиот државјанин се обидел да избега, но полицијата го уапсила на аеродром. Му се заканува 15 години затвор ако биде осуден.

При сослушувањето, непознат маж ја тужел манекенката, а таа наводно е упасена во болничкиот кревет. Деталите за обвинението не се познати. Се шпекулира дека Екатерина работела како ескорт-дама во Дубаи.

Мајката на девојката и нејзини другарки веќе собираат пари за да ја платат високата сметка во болницата во Дубаи.

По операцијата Екатерина ја чека долга и скапа рехабилитација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.