Малолетник од Битола прободен со нож, итно пренесен во болница

Четиринаесет годишно момче вчера вечерта бил донесен во болница со повреда од нож во пределот на стомакот. Се работи за телесна повреда во пределот над стомакот при што не биле повредени внатрешни органи.

 

noz-k-640x360

-Малолетникот бил задржан на понатамошно лекување. Момчето било прободено со нож од непознат сторител на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола, информираат од полицијата.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.