Maкедонците ширум светот се креваат на нозе! Мотив им е заштитата на светото вековно име на државата и спасување на националниот идентитет и државни обележја. Македонија постоела и ќе постои, НЕ ЗА ПРОМЕНАТА НА ДРЖАВНОТО ИМЕ!
Граѓанското движење #НиеСмеМакедонија организира свестки протест на 15 локации во светот речиси истовремено во одбрана на меѓународно признатото право за самоопределување и заштита на македонскиот идентитет.
Големите протести под мотото “ДОСТА БЕШЕ” се планирани за 3 и 4 март и ќе започнат на 3-ти во Вашингтон и Малме и ќе продолжат на 4-ти март во Перт, Сиднеј, Мелбурн, Брисбејн во Австралија и Окланд во Нов Зеланд.
Кулминацијата се очекува на европско тло, каде протести ќе се одржат во Холандија, Германија, Италија, Малта, Чешка, Словенија, како и на плоштадот Македонија во Скопје.
Во повикот на движењето #НиеСмеМакедонија се вели:
“Поканете ги своите семејства, роднини и пријатели и бидете дел од овој историски настан. Македонците низ светот го креваат својот глас за Македонија”.
Она што започна изминатиот период во повеќе европски метрополи, како и масовниот протест во Скопје на 27 февруари, се чини се прелеваат низ целиот свет.
Свеста на Македонците за заштита на државното име расте!
“Дијаспората никогаш на колена, излегувавме и секогаш ќе излегуваме. За сите нас се работи. Македонија пред се и над се. Силата е во народот а не во политичарите”, порачаа од #НиеСмеМакедонија.