Македонците ќе си ја одбранат земјата: Овој народ мора да биде земен во предвид – 74-ти марш во Прилеп

18426049_10210851031606254_1358390990_n

Споменикот “Прилепски бранители” е местото од каде вечерва по 74-ти пат прилепчани го започнаа својот марш “За заедничка Македонија”.

Во голем број и со патриотски песни и извици, граѓаните на на градот херој не престануваат да го изразуваат својот револт кон можноста да се формира влада под диктат на туѓа држава.

18450152_10210851031166243_519017236_n

Ако на некој седнувањето на кожена фотеља му е главна животна желба, на овој народ зачувувањето на државата и националните интереси му е Библија. Затоа нема да застанеме, затоа ќе чекориме и понатаму, ќе бараме да се исполнување на нашите барања, а тоа се нови избори и попис на населението, порачаа и вечерва прилепчани.

18470696_10210851031366248_68633241_n

Од Прилеп вечерва повторно се упати поддршка за претседателот на државата Ѓорге Иванов и се побара ослободување на прилепчанецот  Диме Христоски – Жабата.

18470734_10210851031846260_1849272438_n

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.