(Фејсбук статус на Филип Иванов)
“Ова е училиштето во Њабелико, во западна Уганда. Благодарение на Бога, и дарежливоста на поединци и македонските цркви, обезбедуваме основно образование за околу триста дечиња во џунглата.
Целиот овој напор од самите луѓе тука е именуван “Македонско-Афричка Божествена Организација”, и згора на се, гордо го веат македонското знаме!
Само кога ќе ми текне дека тука во џунглата се вее македонското знаме, а во Македонија има цели општини каде што не може да се види македонско знаме, не знам што да речам…