Четврти пат по ред, петти пат во историјата, Македонија ќе биде дел од најдобрите во европскиот ракомет, вечерва во 19:30 го стартува настапот со дуел против Словенија.
Ракометарите предводени од капитенот Кирил Лазаров и селекторот, инаку прогласен за најдобар тренер во светот, Раул Гонзалез, во Загреб се веќе два дена.
Македонија на големите натпреварувања има една победа против Словенија и тоа во Белград во дуел за петтото место на ЕП, но и два порази на последните два меча, така што може да се каже дена Словенците ни се должници.
Раул Гонзалез истакна дека првиот натпревар на еден шампионат е најважен, поради притисокот што значи дека секој бод што ќе се пренесе во следната фаза е многу важен.
Во Арената во Загреб се очекува поддршка за македонските ракометари од околу 2.000 навивачи, што сепак ќе биде помалку од она што ќе го имаат Словенците, кои ќе бидат околу 5.000. Сепак останува да се надеваме дека 2.000 македонски грла ќе бидат голем поттик за нашите ракометари.