Иако голем дел од верниците во Македонија знаат, сепак голем дел од јавноста во Македонија, која не е директно вклучена во животот на црквата и не знае дека во Македонија и тоа во Бигорскиот Манастир и во манастирот во Рајчица има честици (парче) од дрвениот Крст на кој пред 2016 години бил распнат Исус Христос. Како тие парчиња се нашле во Македонија, каде се има честици од Светиот Крст во Светиот, која е судбината на крстот на Христос беше распнат, прочитајте од записите на Бигорските монаси.
Парчето од Крстот Господов останало во храмот „Св. Софија“ во Константинопол до XII век, а потоа било пренесено. Едно, затоа што византиските цареви се плашеле тоа да остане во отворена и секому пристапна црква, каква што е „Св. Софија“, и второ, бидејќи чувствувале потреба да бидат што поблизу до него. Така Крстот бил однесен во црквата „Св. Богородица Фарска“, која се наоѓала во царскиот комплекс на зданија и цркви, од каде што според потребите на богослужението го изнесувале и носеле во други цркви, но секогаш повторно го враќале во царскиот двор. Се спомнуваат три делчиња од чесниот Крст во храмот „Св. Богородица Фарска“, чијашто ризница била најбогата со светињи. Чуварот на оваа ризница, Николај Месаритис, во 1200 година ги набројал драгоцените светињи кои оваа ризница ги чувала, но само неколку години подоцна (1204) истата била разграбана од страна на Латините при крстоносните походи. Најголем дел од реликвиите биле однесени на Запад.
Целиот текст погледнете го на РЕЛИГИЈА.МК