Македонија по шести пат избира локална власт: Граѓаните гласаат за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје

Во Македонија денеска се одржуваат шестите локални избори по независноста на земјата. Граѓаните избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Се гласа на 3.480 избирачки места, а право на глас имаат 1.814.644 избирачи кои можат да се изјаснат за 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати на 372 листи за членови на совет.

На шестите локални избори во Македонија што се одржуваат денеска учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи. Пријавени се 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати за членови на советници на 327 листи.

Листите на кандидати за членови на совет и листите на кандидати за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител, ќе имаат ист реден број во сите општини.

Во трката за градоначалник на Град Скопје се осум кандидати, а поднесени се девет листи за советници. Кандидат за градоначалник на главниот град од Коалицијата предводена од СДСМ е Петре Шилегов, а од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е актуелниот градоначалник Коце Трајановски. Кандидат на Левица е Марија Јонес, на ТМРО Ванчо Шехтански, на ДПА Беким Фазлиу, на БЕСА Нафие Селмани, на Алијанса на Албанците Наим Најрами и на НДМ Ѓорѓи Тодоров. Советнички листи за Град Скопје имаат поднесено коалициите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и ТМРО, ДУИ, ДПА, БЕСА, Алијанса за Албанците и НДМ.

Шестите локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.