Новата владеачка гарнитура од СДСМ продолжува да покажува општа негрижа за граѓаните на Република Македонија, во моменти додека шуми во Македонија горат, министерот за земјоделство, по чија ингеренција се токму шумите, според информации на Курир е на одмор во Шпанија од вчера.
Граѓаните се разочарани од непочитувањето кое новата власт и новите министри го покажуваат кон нив. Додека поради пожарите згасна еден човечки, фамилии останаа без покрив на глава, министерот Николовски тера одмор во Шпанија, а според нашите информации од таму ќе продолжи за Италија.
Пред нешто повеќе до 10 дена Владата информираше дека дел од министрите пак се уште не знаат каде ќе летуваат. Иако одлучиле да имаат неколку дневен одмор, се уште размислуваат на која дестинација ќе бараат пазуа од обврските. Така место за летување се уште не избрале министрите за земјоделие Николовски, за труд Царовска и министерот за транспорт Сугаревски.
Курир се обрати и до Министерството за земјоделство, од каде добивме краток одговор во кој не ни беше откриено каде летува министерот Николовски.
-Министерот за земјоделство Николовски, е на продолжен викенд надвор од Македонија, изјави за КУРИР портпаролката на министерството, Соња Јанковска.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинија министерот Николовски дека нема капацитет да се справи со ситуацијата која е на терен поради пожарите. Од таму велат дека тој дозволил состојбата да ескалира во граници кога е мошне тешко да се контролира и истовремено штетите достигнаа до алармантно ниво, поради што пратениците на најбројната партија во Собранието поднесоа интерпелација за неговата работа.
-Николовски не се потрудил да достави точни податоци за бројот на ангажираните сили, ниту за обемот на материјално-техничките средства како и евидентна е некоординираноста со останатите институции, како што е неприфатлива селективноста во одлучувањето за користење и упатување на копнените структури на критичните локации зафатени со активни пожари, како и одлучувањето за интервенција на воздухопловите. Апсурдното однесување на министерот Николовски е до таа мера што му требаа 15 дена од појавата на пожарите на отворен простор и серијата од над 30 тековни активни пожари за конечно да ја преиспита и да предложи преиначување на Одлуката за ограничено, односно делумно во целосна забрана на движење во шумите, изјави Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните се разочарани од односот на раководните лица во новата власт и порачуваат дека Владата треба да се зафати со работа, место да се слика само пред медиумите и да им помогне во решањето на проблемите. Тие се разочарани што министерот за земјоделство, под чија контрола се шумите заминал на одмор во период кога ситуацијата во државата критична поради пожарите.
Инаку, додека Македонија гори повеќе од 20 дена минатиот викенд место да наоѓа решенија за проблемите Зоран Заев си замина на викенд во Охрид, а брзо после него на одмор во Шпанија, а потоа според нашите информации и во Италија замина и министерот Љупчо Николовски.