Младата ракометна репрезентација на Македонија до 21 година, вечерва со почеток од 21:45 часот, го игра осминафиналниот натпревар од Светското првенство во Алжир, и тоа против домаќинот.
Нашите млади херои веќе направија историски исчекор со самиот пласман во втората рунда на едно големо натпреварување.
На патот до осминафиналето, Македонија ги совлада Русија, Буркина Фасо и Бразил, а загуби од Тунис и Шпанија, при што се пласираше на второто место во групата Ц.
Алжир е цврста репрезентација, која со две победи против Саудиска Арабија и Мароко, како и два нерешени резултати против Хрватска и Аргентина и еден пораз од Исланд, се пласираше на третото место од групата Д.
Може ли Македонија во наредната рунда е прашањето на кое одговор чека целата нација.
А/Г/