Македонецот кој го сомели казиното во Струмица стана светска ѕвезда – за него пишуваат најпознатите светски медиуми

49-годишниот А.В. од струмичко Василево кој во четвртокот според полицијата со секира искрши 50 апарати во казиното на Сенатор во Струмица, стана познат ширум светот.

За него напиша дури и еден од најпознатите спортски медиуми “SPORTbible”.

“Изгубил 10.000 евра и искршил 50 слот апарати во македонско казино”, стои во објавата на медиумот.

Инаку SPORTbible има околу 11 милиони следбеници на својата фан страна на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.