МТСП: Утврдени прекршоци во Агенцијата што измами студенти за посредување при вработување

1111

Инспектори од Државниот инспекторат за труд, кои од вчера на терен го истражуваат пријавениот случај за измамени студенти од Агенцијата за посредување при вработување во земјата и во странство со наплата „Венера“ Битола, утврдиле одредени прекршоци. Јавноста ќе биде известена во понеделник за сите детали, откако ќе биде комплетиран извештајот од инспекцискиот надзор, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Претходно, стои во соопштението од МТСП, се извршени неколку вонредни инспекциски надзори во работата на Агенцијата при што се утврдени неправилности во работењето, но претходните министри не постапиле согласно со наодите од утврдената фактичка состојба.

Последната инспекција била извршена на 5-ти овој месец при што е евидентиран прекршок и е изречена глоба, информираат од ресорното Министерство од каде го претставуават на увид и записникот од надзорот




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.