“МПЦ против педофилијата и истополовите бракови”

BeFunky Collage

Изминатите месец дена откако СДСМ ја презеде власта во Република Македонија, така наречените активисти за човекови права, започнаа во јавноста да актуелизираат теми како права на припадниците од ЛГБТ заедницата (правото на стапување во брак и право на посвојување на деца) и педофилија, нарекувајќи ги овие сторители маргинализирани групи, за кои се бараа поблаги казни.

Колумната “Сексуалноста над рационалноста” на активистот Никола Шиндре која осамна во дел од медиумите, целосно ја разбранува јавноста и го предизвика гневот на општеството, осовено на мајките. Граѓаните вчудоневидени од сето тоа препознаа оправдување на педофилија и се прашуваа што се случува, како некој може да биде толку болен и да оправдува нешто толку страшно и одвратно.

Колумната на Шиндре прочитајте ја на следниот ЛИНК

Најлошо од се’ ваквиот текст доби поддршка од дел од јавните личности во државата, меѓу кои и универзитетски професори. Мирјана Најческа тогаш на својот фејсбук профил напиша:

najce-status

Наредно што следуваше беше отварањето на темата за истополовите бракови, а уште побезобразно и давање право на овие луѓе да можат да посвојуваат деца.

Владата дури излезе со став дека овие прашања ќе се стават на маса и за нив ќе се разговара, притоа барајќи помош од невладиниот сектор, односно Соросовите организации.

Граѓаните се шокирани и се прашуваат како може во толку краток период сето ова да и се случува на Македонија? Дали некој сака да го урне нашето традиционално оппштество и традиционално семејство? Што ќе биде со идните генерации и нивните деца?

Сето ова е премногу за држава како Македонија, на ваков начин нема да се изгради еднакво општество, туку ќе се урнат темелите на она што се вика обичај, традиција и култура на едно општество.

На овие болни теми реагираше и Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Свештеникот Александар Стојаноски на својот фејсбук профил напиша:

19873736_10211741985056589_1783046445_n

Граѓаните искрено се надеваат дека ваквите сценарија, кои очигледно се туѓи, нема да се реализираат и дека нивните деца ќе продолжат да растат во една здрава средина со традиционално религиозно учење.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.