МОЖНОСТ ДА ЗАРАБОТИТЕ ПОВЕЌЕ: Шафран, зачин кој може да се произведува во Македонија а вреди повеќе од злато!

Може да заработите убаво, одгледувајки зачин поскап од кокаин, кој чини 20 000 евра за килограм. Древна лековита билка отсекогаш била и се уште е најскап зачин на светот!

safran-branje-520x345

Шафран – билка која отсекогаш има неодолива и волшебна моќ, билка во која се бањала Клеопатра, за да ги сочува своите чари, а Александар Македонски со неа ги лекувал своите рани.

Многумина Иранци веруваат дека во чист облик шафран делува како антиоксидант, дека ја отстранува депресијата и дека е кулинарско оружје против Алцхајмеровата болест, ракот и пропаѓање на очите.

Во светот годишно се произведуваат 225 метрички тони од овој зачин,а само во Иран повеќе од четири петтини. Затоа шафранот се наоѓа секаде – во варивата, кебабот, јадењата со зеленчук, благите, пишува Македонија денес.

profimedia-0270354354_1

Често се зборува дека шафранот се плаќа со иста тежина во злато, затоа што е многу тешко да го одгледувате и собирате.

Шафранот цвета на есен и тогаш се берат цветовите, внимателно се вадат црвените трижилни толчници и се сушат. За килограм на зачинот потребни се педесет илјади цветови.

Драгоцениот прав предизвикува трговска војна полна измами карактеристични за промет на бесценети камења или дрогата: евтини замени, разблаженни пакувања, лажни декларации. За иднината на „кулинарското злато“ се води вистинска војна.

Меѓутоа, се смета дека луѓето кои користат лажни зачини, не го познаваат суштинскиот вкус и мирис на вистинскиот шафран. Експертите веруваат дека толку исклучителен производ треба да остане автентичен и чист. Сакаат да знаат дали шафранот е обоен или му е додавана пченкарна свила.

За Иранците постои само еден шафран – оној кој е произведен во Иран. Иранците се убедени дека благодарение на специфичната комбинација на составот на земјата,климата и водата шафранот одгледуван во областа Корасан во североисточниот Иран е навистина единствен. Производство на овој зачин делумно се прави и во Македонија, Франција, Грција, Косово и Австрија.

Со укинувањето на финансиските санкции кон Иран веднаш беше поттикнато инвестирање во шафран. Малопродажната цена во Европа може да досегне и дваесет илјадата евра за килограм.

Во 2008 година тројца разбојници со автоматски пушки насилно влегле во семејната куќа на Ферешт Фахар најпознатиот произведувач на овој магичен прав во Техеран, со надеж дека ќе ги украдат залихите. Госпоѓата Тјерселен е ранета, н шафранот останал во сефот!

-Шафранот е многу поскап од кокаинот, затоа прекинавме да зборуваме за него“ изјавила госпоѓата Тјерселен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.