Илјадници војници, борбени возила и одбрамбени систем, па дури и дронови се појавија во центарот на Москва како најава за oвогодинешната голема парада по повод “Денот на победата над фашизмот”.
Околу 12.500 луѓе и повеќе од 150 воена техника се наместија на Црвениот плоштад во Москва и им овозможија на љубопитните да погледнат дел од она што ќе се случува на 9 мај, за кога се најавуваат и многу новини – пренесува “Раша Тудеј”.
Голем дел од техниката која ќе биде презентирана е со големи технички унапредувања, вклучувајќи ги тука и главните борбени тенкови T-72.
Во продолжение погледнете како изгледаше пробата за “Денот на победата” на руската армија: