МИЦКОСКИ НАЈАВИ ПОХОД ПРОТИВ НЕНАРОДНАТА ВЛАСТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе го води народот со цел пад на оваа ненародна власт!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во денешното гостување на вестите во Алфа телевизија, истакна дека незадоволството од донесувањето на Законот за јазици во јавноста е огромно.

Тој вели дека му се случува членови на СДСМ да му пристапат со очигледно каење што нивниот глас го дале за СДСМ.

-Велат Г-не Мицкоски. Ние сме членови на СДСМ со членски, потенцираа. Велам да повелете како може да ви помогнам? Ние ги поддржавме, но никогаш не можевме да поверуваме во какво зло поддржуваме. Ова што ни се случува. Им одговорив дека го направиле она што сте мислеле во тој момент дека е потребно за државата и за партијата се разбира, вели Мицкоски.

Но, тука треба сите ние како граѓани да извлечеме поука дека гласот може значи и играње со многу судбини. Затоа, вели Мицкоски, можам да извлечам само една поука од сево ова – не само што не треба да му се верува, мораме да почнеме да го разобличуваме до таа мерка да се избориме за предвремени парламентарни избори и едиствено решение да замине ова зло се предвремени парламентарни избори, дециден е Мицкоски.

– Во име име на тоа, и сите овие млади луѓе кои ме среќаваат и по улиците во Скопје и по улиците во другите градови, ги повикувам да застанат рамо до рамо со нас по патот по којшто заеднички ќе го изодиме, до крајната проектирана цел, а тоа е како таа ненародна власт предводена од Зоран Заев, а потпомогната од Талат Џафери да замине.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека во повеќе наврати се видело дека Зоран Заев едно зборува, а друго прави.

-Таков беше и случајот со Законот за јазици кој што во предизборието беше претставен на еден начин, а сега се случи спротивното. На Зоран Заев не може да му се верува и ова зло кое и се случува на Македонија мора што порано да се разобличи и да се порази на предвремени парламентарни избори, додаде тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.