МИСТЕРИЈАТА НА КАРТАТА НА СВЕТОТ ОД 16 ВЕК: Како изгледа Земјата од вселената, митолошки суштества и морничави настани

Урбано Монте (1544-1613), малку познат италијански картограф, во 1587 година создал неверојатна рачно цртана карта.

Не само што картата ја прикажува Земјата како да ја гледаме од вселената, директно гледајќи во северниот пол, туку таа е исполнета и со неверојатни слики од различни локации и страшни митолошки суштества како сибирски еднорози, сирени кои напаѓаат бродови и огромни птици.

Неверојатните митолошки суштества од секогаш ги фасцинирале луѓето, а сега имаме можност да ги видиме онака како што ги замислувале нашите предци.

Овој уникатен светски атлас сега е реставриран и дигитално составен. Картографот Монте, кој бил многу заинтересиран за географијата, потекнувал од богато семејство од Милано, Италија.

За време на 1585 година се состанал со јапонска делегација, а научниците сметаат дека мапата која ја составил е резултат на тој состанок и приказните кои ги слушнал за Јапонија. Светскиот атлас содржи голем број на јапонски имиња, кои не се појавуваат на другите западни карти креирани во тоа време.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.