МЗШВ објавува огласи за закуп на земјоделско земјиште

Traktor-traktor-zemjodelie-zemjodelie

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува два јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Едниот оглас е за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Со овој јавен оглас се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 595 хектари 40 ари 38 метри квадратни во регионите на Виница, Битола, Гевгелија, Ресен, Струга, Кавадарци, Кратово и Кочани.

Намената за кое се дава земјоделското земјиште во државна сопственост во закуп е за подигање долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање маслинарници за период до 50 години, одгледување други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Вториот јавен оглас е за давање во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари. Со овој јавен оглас се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина  од 866 хектари 75 ари 56 метри квадратни  и  тоа за регионите Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево, Прилеп.

Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за подигање долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање маслинарници за период до 50 години, одгледување други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.