Германската канцеларка Ангела Меркел, по се изгледа дека ќе донесе одлука да се прекинат санкциите кон Русија.
Таа изјави дека штом се исполни Минскиот договор, потребно е да се прекинат санкциите кон Русија.
– Ние ќе имаме многу добра шанса да ги укинеме санкциите, штом се исполнат елементарните обврски од Минскиот договор- вели Меркел.
Германската канцеларка ова го изјави на својата редовна годишна конференција.
Иако звучи како нереално укинувањето на санкциите од Западот, германските политичари веќе подолго време истакнуваат дека и Германија трпи огромна штета од санкциите.
Германија веќе неколку пати упатува апел и константно врши притисок на властите во Киев да се придржуваат на Минскиот договор.
Ф.Г.